Сан Антонио спарс ги пратија Кавај Ленард и Дени Грин во Торонто репторс за да ги добијат Демар Дерозан, Јакоб Пелтл и избор од првата рунда од драфтот во 2019, завршувајќи ја „драмата“ за тимот од Тексас.
Ленард побара трејд по состанокот со тренерот Грег Попович, кој беше исфрустриран од крилниот бек, кој беше повреден во последните пет месеци. Лос Анџелес лејкерс, Бостон селтик, Кливленд кавс и Филаделфија 76ерс беа заинтересирани за 27-годишниот Американец.
Според „ЕСПН“, Ленард нема желба да игра во Торонто и може да чека нов трејд. Ако тој стане слободен агент откако ќе ја заврши сезоната во Торонто, Репторс би можеле да му понудат петгодишен договор вреден 190 милиони долари.
Од трејдот не беше задоволен и Дерозан, кој на Инстаграм се наврте кон поранешниот тим.
„Ти кажуваат едно нешто, на крајот доаѓа до друго. Не можеш да им веруваш бидејќи нема лојалност во овој спорт. Те продаваат бргу за ефтино“, напиша Дерозан на Инстаграм.