Top Sport

Спектакуларен кош на Димитријевиќ во последните секунди (Видео)

Македонецот Ненад Димитирјевиќ на својот клуб Хувентуд на импресивен начин му ја обезбеди победата во дуелот со Нантер, во Еврокупот.

Плејмејкерот на екипата од Бадалона реши сам да го одигра последниот напад при водство на противникот 77:76.

Димитријевиќ најпрвин го „скрши“ Кени Чери, стигна до обрачот успеа да поентира од невозможна позиција и да избори дополнително слободно фрлање.
Димитријевиќ натпреварот го завршил со 23 поени, пет асистенции и две украдени топки.

Scroll to Top