Top Sport

Девис куп: Хрватска без Марин Чилиќ

Марин Чилиќ, поради повреда на коленото, нема да биде во репрезентацијата на Хрватска која ќе ја брани титулата во Девис купот.

Местото на Чилиќ во репрезентацијата би требало да го заземе ветеранот Иво Карловиќ. Покрај него на завршниот турнир ќе настапат Борна Чориќ, Мате Павиќ, Никола Мектиќ и Иван Додиг.

„Проблемот се коленото се повторува. Ме советуваа на почетокот на годината да заминам на операција, но во меѓувреме ситуацијата се подобри поради што немаше потреба од операција. Сепак решив да одам на помал зафат поради што ќе морам да мирувам неколку недели. Поради тоа нема да можам да играм во Девис купот. Со тешко срце ја донесов оваа одлука“, напишал Чилиќ на својот профил на „Фејсбук“.

Новиот формат на Девис купот со 18 репрезентации ќе се одржи од 18 до 24 ноември во Мадрид.

Хрватска се наоѓа во Б-групата заедно со Шпанија и Русија.

Scroll to Top