Top Sport

Венгер од утре ќе биде тренер на Баерн?

Германските медиуми се уверени дека челниците на Баерн Минхен во текот на утрешниот ден ќе го промовираат новиот тренер.

„Кикер“ објави дека преговорите помеѓу клупските челници и Арсен Венгер биле во завршна фаза и дека токму легендарниот тренер на Арсенал ќе биде новиот предводник на германскиот великан.

„Стапија во контакт со Венгер и тој покажал желба да го преземе тимот. Тој ќе биде тренер до крајот на сезоната, а потоа ќе биде назначен тренер кој ќе работи на долги патеки“, пишува „Кикер“.

„Никогаш не одбивам разговор со луѓето од Баерн бидејќи ги познавам 30 години. Во далечното минато бев блиску до Баерн. Во овој момент не преговарам со нив. Не сме разговарале и не знам дали воопшто ќе разговараме“, рекол искусниот тренер.

Scroll to Top