Top Sport

Спектакуларен пречек во Белград на кошаркарите и на Ѓоковиќ

Илјадници српски навивачи се собраа пред собранието во Белград да ги дочекаат кошаркарите кои го освоија сребрениот медал на Светското првенство во кошарка по поразот од Германија, а како посебен гостин беше и освојувачот на рекордни 24. гренд слем титули, Новак Ѓоковиќ, кој во неделата славеше на САД опен.

Кошаркарите на Србија прво во 19 часот беа на прием кај претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој им вети награда од 25.000 евра и најави богати награди за злато на Олимпијадата во Париз.

Scroll to Top