Спектакуларниот пресврт на Голден стејт против Мајами, поразот на Денвер во Вашингтон, во кој блескаа Никола Јокиќ и Давис Бертранс, брилијантниот Домантас Сабонис и Јута Џез ја обележаа ноќта во НБА лигата.
Вориорс, против Мајами, имаа негатива од 16 поени на шест минути до крајот на мечот, успеаја да изборат продолжение и на крајот да победат со 120:112.
Четворица играчи на Вориорс постигнаа 23+ поени. Кент Бејзмор со 26 и Стеф Кари со 25 беа најефикасни. По 23 коша постигнаа Кели Убре и Ендрју Вигинс.
Индијана Пејсерс славеа во дуелот со Минесота 119:114. Домантас Сабонис блескаше со трипл-дабл од 36 поени, 17 скокови и 10 асистенции.
Денвер во драматичен финиш беа поразени во Вашингтон со 130:128. Денвер имаа 17 поени предност во првата четвртина, Вашингтон до полувремето се доближија на минус од три поени.
Второто полувреме им припадна на домаќините, а Денвер во последните минути со серија 17:4 се вратија во мечот. На крајот Џон Вол, во последната секунда, го реши мечот од линијата за слободни фрлања, откако Бертанс и Мареј си разменија по една тројка.
Летонецот Бертанс го одигра мечот на кариерата, постигна 35 поени, погоди девет тројки од 11 обиди. Џон Вол постигна 15 поени, а Расел Вестбрук забележа трипл-дабл од 12 поени, 13 скокови и 12 асистенции.
На спротивната страна се издвоија Џамал Мареј со 35 поени, односно Никола Јокиќ со 33 поени, седум скока, девет асистенции и две украдени топки.