Top Sport

Нов удар за Франција – Лука Карабатиќ ќе го пропушти ЕП

Продолжуваат проблемите со кои се соочува селекторот на Франција, Гијом Жил, во пресрет на Европското првенство. Континенталниот шампионат ќе го пропушти Лука Карабатиќ.

Франција, од почетокот на подготовките има големи проблеми, неколку играчи се заразени со коронавирусот, а поради повреда од списокот на Жил отпадна десниот бек, Недим Ремили.

Во Новата година, нова лоша вест стигна до Жил. Се повреди и најзначајниот дефанзивец, Лука Карабатиќ. Тој нема да игра на првенството во Словачка и Унгарија. На неговото место е повикан соиграчот на Кире Лазаров од Нант, Тео Монар.

Франција на ЕП се наоѓа во група со Србија, Хрватска и Украина.

Scroll to Top