Генералниот секретар на Кошаркарскиот сојуз на Литванија, Миндаугас Спокас открива дека Србија и Хрватска имаат голема шанса да ја добијат организацијата на квалификацискиот кошаркарски турнир за ОИ во Токио.
Литванија исто така е заинтересирана за организацијата, но според зборовите на Спокас, Србија е подготвена да издвои 3.5 милиони евра, 500.000 евра повеќе од Литванија.
Многу квалитетни кошаркарски селекции не обезбедија пласман на Олимпијадата преку Светското првенство во Кина, па затоа конкуренцијата е голема.
Ќе се одржат 4 квалификациски турнири, ќе учествуваат 24 селекции, а само обедниците на тие турнири ќе обезбедат виза за Токио.
Загарантирано место на ОИ игри имаат Аргентина, Австралија, Франција, Иран, Јапонија, Нигерија, Шпанија и САД.
Преку квалификаците место на Олимпијада бараат селекции од калибарот на Србија, Литванија, Италија, Хрватска, Словенија, Турција, Германија, Русија, Канада и Бразил.