Top Sport

Србија ќе остане без Јокиќ на Светското првенство?

Никола Јокиќ нема да биде дел од српската репрезентација на Светското првенство на Филипините, Индонезија и Јапонија, тврди „Атлетик“, објаснувајќи дека ќе го одби повикот на селекторот Светислав Пешиќ поради „семејна прослава“.

Светското првенство е на програма од 25 август до 10 септември и Јокиќ имал „семејна прослава“ во овој термин, така што ќе ја остави Србија без МВП на финалето на НБА лигата.

Српските извори, пак, тврдат дека одлука не е донесена и дека селекторот Пешиќ засега смета на центарот на Денвер нагетс.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');