Србија ја забележа втората победа во квалификациите за Евробаскетот 2022, победувајќи ја Финска со 75:66 за да дојдат на чекор до пласман на првенството.
Тимот на Игор Кокошков играше фантастично во одбраната на стартот на мечот, оставајќи ги Финците на само седум поени (17:7), за да отидат на одмор со 13 поени предност. Анѓушиќ со 19 поени беше најдобар за Србите, додека Максуни за Финците даде 15. Со 2-2 скор, на Србија и треба една победа во последните две кола од квалификациите, или пораз на Финска.
Италија, пак, во најинтересниот меч со 70:66 ја совладаа Русија за да останат совршени во квалификациите со 4-0 скор. Двата тима имаа по 15 поени во првата четвртина, пред Италијанците да се одвојат на пет поени предност, но не успеаја да направат поголема предност. Русите имаа напад при 69:66, но не го остварија. Амедео Теситори имаше 27 поени и 9 скока за „аѕурите“, додека Андреј Воронцевич уфрли 11 поени за „зборнаја“.
Во најбизарниот меч денеска, Шпанија со неверојатни 94:41 ја декласираше репрезентацијата на Романија, откако во втората четвртина им дозволија само 9 поени, а во последната 8, додека им уфрлија 36 поени.
ЕВРОБАСКЕТ 2022 КВАЛИФИКАЦИИ
Русија – Италија 66:70 (15:15, 16:21, 13:14, 22:20)
Швајцарија – Грузија 84:91 (24:27, 15:19, 15:19, 30:26)
Израел – Полска 78:72 (16:18, 25:14, 21:20, 16:20)
Украина – Австрија 70:67 (16:14, 13:16, 21:15, 20:22)
Србија – Финска 75:66 (17:7, 18:18, 20:20, 20:21)
Шпанија – Романија 94:41 (27:12, 18:9, 13:12, 36:8)
Словенија – Унгарија, одложено