Top Sport

Србинот Александар Бурсаќ ќе го засили МЗТ Скопје Аеродром

МЗТ Скопје Аеродром, кој од оваа сезона повторно е член на елитната регионална АБА лига, ќе ги засили своите редови со поранешниот млад репрезентативец на Србија, Александар Бурсаќ.

Крилниот центар пристигнува од шпанската АЦБ лига, каде што сезоната ја започна со Џирона, но краткорочниот договор не му беше продолжен. Неговата епизода во Шпанија беше кратко продолжена и за тимот на Манреса, но тој одигра само еден натпревар.

Претходно Бурсаќ играше за ФМП и за Задар во АБА лигата.

МЗТ Скопје во првите седум кола има една победа во регионалното натпреварување.

Scroll to Top