Top Sport

Србите го декласираа Порторико, Русите потклекнаа пред Полска

Кошаркарската репрезентација на Србија забележа нова победа на Светското првенство во Кина. Во првиот меч, во новоформираната Ј-група Србите го декласираа Порторико 90:47 (23:14, 26:12, 22:13, 19:8).

Спроед прогнозите на ФИБА, првите фаворити за златниот медал, од почетокот го наметнаа својот ритам и во ниту еден момент не им дозволија на Поротрикаците да се надеваат дека ќе доживеат пристоен пораз.

Со оваа победа Србите практично обезбедија настап во четврт-финалето иако во Ј-групата ќе треба да играат и против Шпанија. Подоцна во оваа група ќе се сретнат Шпанија и Италија. Првите два тима од Ј-групата ќе вкрстат во четврт-финалето со групата во која се Полска, Аргентина, Русија и Венецуела.

Петмина во српската репрезентација постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасен беше Немања Бјелица со 18 поени, додека ѕвездата на Денвер Нагетс Никола Јокиќ забележа „Дабл-Дабл“ од 14 поени и 10 скока. Единствен двоцифрен кај Порторико беше Давид Уертас со 11 поени.

Покрај Србија четврт-финале изборија и репрезентативците на Полска. Полјаците четвртата победа на ова Светско првенство ја забележаа против Русија 79:74 (16:22, 18:18, 19:17, 26:17).

Русите добро играа во првиот дел на полувреме имаа шест поени разлика, а во решавачкиот период влегоа со предност од четири коша. Во последната четвртина Русите не може да се изборат со надворешниот шут на противниците. Полјаците постигнаа 26 поени со што ја стигнаа и престигна предноста на Русија.

Играчот на Уникаха Малага Адам Вачински со 18 поени ги предводеше Полјаците, додека кај Русите се истакна Дамијан Кулагин со 21 поен.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');