Top Sport

Питино се врати во Панатинаикос

Познатиот американски тренер Рик Питино се врати на клупата на Панатинаикос. Питино минатата сезона ги предводеше „зелените“, а од Атина замина во јуни оваа година. Питино доаѓа на местото на Аргирис Педулакис кој доби отказ откако ПАО испаднаа од Купот на Грција и доживеаја пораз од Алба во Атина, во Евролигата.

ПАО минатата сезона под палката на Питино го освоија Купот и шампионската титула во Грција. Неодамна Американецот договори соработка со Кошаркарскиот сојуз на Грција. Тој ќе ги предводи Грците во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио.

Рик Питино 16 години го предводел универзитетот Луисвил, а осум години бил тренер на универзитетот Кентаки. Со двата универзитети ја освоил титулата во НЦАА лигата. Во НБА лигата работел во Њујорк Никс и Бостон Слетикс.

Scroll to Top