Top Sport

Србите прокоцкаа 16 поени предност и загубија од Италија

Кошаркарската репрезетација на Србија доживеа пораз (76:78) од Италија во првото коло од новоформираната група И на Мундобаскетот.

Србија во еден момент од третата четвртина водеше со 60:44, но исто како и на Евробаскетот дозволи голем пресврт на ривалите и уште еднаш потклекна пред „аѕурите“.

Најефикасен на натпреварот беше Симоне Фонтекио со 30 поени, Марко Спису постигна 14, а Џиџи Датоме постигна 10 за Италијанците.

Во селекцијата на Србија, Богдан Богдановиќ постигна 18 поени, но имаше очаен шут за три поени, впрочем како и сите негови соиграчи. Огњен Добриќ постигна 15 поени, а Никола Милутинов беше стрелец на 14 кошеви.

 

Scroll to Top