Top Sport

Манчестер Сити го купи Матеус Нуњес

Англискиот шампион Манчестер Сити и официјално го објави потписот на играчот за врска Матеус Нуњес од Вулверхемптон. Португалскиот интернационалец им се приклучува на „граѓаните“ за сума од 55 милиони евра, при што „волците“ задржуваат 10% од добивката во случај на идна продажба, а потпишаа договор до летото 2028 година.

25-годишниот играч, кој му се приклучи на Вулверхемптон во август минатата година, е доведен на барање на менаџерот Пеп Гвардиола, кој цело лето бара засилување во средниот ред. Тој ќе го носи дресот со број „27“.

Нуњес е четвртото засилување за Манчестер Сити ова лето по Матео Ковачиќ, Јошко Гвардиол и Џереми Доку.

Нуњес забележа 41 настап во своите 12 месеци за Вулверхемптон. Тој има одиграно 11 натпревари за репрезентацијата на Португалија, со два настапи на Светското првенство во Катар 2022 година.

 

 

Scroll to Top