Top Sport

Српските „џокери“ заедно на баскет

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ, популарен во САД со прекарот „Џокер“ се сретна со кошаркарскиот „Џокер“, НБА ѕвездата Никола Јокиќ, откако двајцата присуствуваа на егзибицискиот меч на кошаркарскиот тим Мега по повот пензионирањето на Дејан Милоевиќ.

Ѓоковиќ, кој се подготвува за стартот на неговата тениска балканска турнеја „Адрија тур“, беше во друштво со својот брат Ѓорѓе, и на натпреварот седеа до Јокиќ и неговиот менаџеер Миодраг Ражнатовиќ.

Српските медиуми исто така  забележија и голема трансформација на ѕвездата на Нагетси, Јокиќ, кој очигледно има симнато неколку килограми додека трае паузата во НБА лигата.

Scroll to Top