Top Sport

За 25 отсто од Серија А понудени 3 милијарди евра!

Компанијата „Бејн капитал“ понудила 3 милијарди евра за 25 отсто од Серија А, со што имаат подобра понуда од ривалите од „ЦВЦ“, јавува американскиот „Блумберг“.

Серија А веќе имаше понуда од 2 милијарди евра за 20 отсто сопственост од италијанската лига од „ЦВЦ“, но сега со понудата на ривалите, се проценува дека Серија А вреди дури 12 милијарди евра, а не 10 како што ценеа од ривалската компанија.

Лигата подолго време размислува за дополнителни начини за финансирање на италијанското калчо по пандемијата на корона вирусот, но финансиската моќ на италијанскиот фудбал подолго време заостанува зад другите европски лиги. Премиер лигата на пример распределува 3.2 милијарди евра приходи од ТВ-правата на своите 20 клубови, во споредба на 1.2 милијарди кои ги добиваат 20-те италијански клубови.

„Бејн капитал“, компанија од Бостон, САД, се обидува да инвестира во Серија А во обид да ги добие и ТВ-правата, кои носат дури 60 отсто од приходот на лигата.

Scroll to Top