Top Sport

Срушен АБА рекорд, 16.531 „Гробар“ во Белград на Партизан-Будуќност

Навивачите на белградски Партизан го срушија рекордот во регионалната кошаркарска АБА лига по бројот на гледачи на еден натпревар.

На дербито од 19 коло во АБА меѓу Партизан и Будуќност од Подгорица во „Штарк“ арената во Белград на трибините има 16.531 гледач.

Популарните „Гробари“ неколку часа пред мечот ја окупираа салата. Тимот предводен од Андреа Тринкиери има голема поддршка сезонава како во АБА лигата, така и во Еврокупот.

Досегашниот рекорд е 16.200 навивачи, во Загреб, на Ф4 меч во 2010 година.

Инаку што се однесува до самиот меч меѓу двете екипи, победата им припадна на „црно-белите“ со резултат 87-82 со што Партизан изби на чело на табелата во регионалното натпреварување.

Scroll to Top