Top Sport

Шок во светот на џудото, пораз по 10 години и 154 победи

Францускиот џудист Теди Ринер кој е двоен олимписки победник изгуби борба по цели 10 години и по вкупно 154 триумфи.

Шокот на Французинот му го приреди Јапонецот Кокоро Кагеура. Да биде шокот уште поголем, 30-годишниот Ринер загуби во Париз, на домашен терен.

Ринер е еден од најдоминантните спортисти на денешницата. Последен пат загубил во 2010 година.

Освен двете олимписки злата, освои и 8 златни медали од Светските првенства, како и 5 од европските натпреварувања.

Scroll to Top