Top Sport

Стартува новата сезона во Евролигата

Вечерва ќе започне 24. сезона во кошаркарската Евролига. Осумнаесет клубови ќе одиграат 306 натпревари во регуларниот дел од сезоната, плеј-ин, плеј-оф и на завршниот турнир во Берлин. Титулата ја брани Реал Мадрид.

Новата сезона во Евролигата ќе биде отворена од 19 часот. Во Арената во Белград, Црвена звезда ќе го пречека француски Асвел од Вилербан.

Реал Мадрид, според сите прогнози и анкети се најголемите фаворити за титулата. „Кралскиот клуб“ го врати во своите редови Факундо Кампацо, кој минатата сеозна го носеше дресот на Црвена звезда.

Големи шанси за титулата му се даваат на Олимпијакос и покрај тоа што тимот остана без актуелниот МВП, Саша Везенков (се пресели во Сакраменто Кингс) и Костас Слукас (замина во Панатиникос).

Потоа следуваат Панатинаикос, кој го смени речиси целиот тим, а тренер е Ергин Атаман, па Анадолу Ефес, Олимпија Милано, Фенербахче, минатогодишниот учесник на завршниот турнир Монако.

Според новиот формат, од оваа сезона ќе се игра плеј-ин. Седмопласираните и осмопласираните екипи ќе се сретнат во еден натпревар за да изборат пласман во четвртфиналето против тимот кој го зазема второто место на табелата во лигашкиот дел од натпреварувањето.

Поразениот од тој дуел ќе има втора шанса за пласман во плеј-офот, бидејќи ќе се сретне со подобриот од деветтото и десеттопласираниот тим на табелата. Противник на подобрата екипа во тој дуел ќе биде првопласираната екипа.

Евролига, 1. коло:

четврток:

Црвена звезда – Лион-Вилурбан (19.00 ч)
Макаби – Партизан (20.05)
Барселона – Анадолу Ефес (20.30)
Баерн – Алба (20.30)
Виртус – Жалгирис (20.30))

петок:

Фенербахче – Олимпија (19.45)
Панатинаикос – Олимпијакос (20.15)
Басконија – Реал Мадрид (20.30)
Валенсија – Монако (20.30 ч.)

Foto/ EPA

Scroll to Top