Top Sport

Гвардиола: Невозможно е да се бориш со Барселона и Реал Мадрид

Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека ривалите на неговиот тим, Барселона и Реал Мадрид се покажаа побрзи и попаметни во јануарскиот преоден рок. Сити би заинтересиран за ангажирање на играчот на Ајакс, Френки Де Јонг, но тој сепак премина во Барса за 65 милиони фунти, за неделна плата од 300.000 фунти.

„Мораме да бидеме побрзи и попаметни, да избегнеме нервоза. Со платите се обидуваме да ја задржиме хармонијата во соблекувалната. Ако не постои баланс, секогаш ќе постојат проблеми меѓу играчите“ – смета Гвардиола.

„La Gazeta delo Sport“ лани направи истраување кое покажува дека Сити потроши скоро 1.5 милијарди фунти во минатите десетина години за доведување на фудбалери во тимот, што е најмногу во Европа.

Пред почетокот на сезоната единственото зајакнување на тимот беше доведувањето на Ријад Марез од Лестер.

„Сега сите можат да плаќаат многу. Порано гласините беа дека тоа го можат само Сити и ПСЖ. Ми се чини дека другите клубови се побрзи и попаметни, просто не можеме да се натпреваруваме со нив. Тешко е да се купи врвен фудбалер за нормална цена“ – вели Гвардиола кој додава дека со Барса и со Реал е невозможно да се бориш.

Scroll to Top