Ѕвездата на Голден Стејт, Стеф Кари, ќе пропушти уште две седмици поради повреда на рамото, потврдија од тимот од Сан Франциско. На 14 декември, Кари доживеа делумна дислокација на левото рамо на натпреварот против Индијана.
Играчот кој беше прогласен за МВП на минатогодишното финале во НБА лигата има просек од 30 поени, 6,6 скока и 6,8 асистенции по натпревар, а претходните четири натпревари ги пропушти поради повреда.
Голден Стејт објави дека закрепнувањето оди добро, а следниот преглед на Кари ќе биде за две недели.
Актуелните шампиони во НБА, Голден Стејт Вориорс, се наоѓаат на 11. место во поредокот на Западната конференција со скор 15-18, а кога Кари ќе се врати, ќе мора да почнат да победуваат доколку сакаат да се натпреваруваат во плејофот за одбрана на титулата.