Top Sport

Стоп за Дончиќ, Вориорс водат со 1-0 во западното финале

Голден стејт Вориорс со убедлива победа над Далас маврикс 112:87 ја отворија финалната серија во Западната конференција.

Вориорс успеаја да го запрат Лука Дончиќ што беше клуч за нивната победа. Словенецот мечот го заврши со 20 поени, седум скока и четири асистенции. Дончиќ, во второто полувреме постигна само два поени.

Спенсер Динвиди уфрли 17, Џејлен Брансон 14, а Реџи Булок 12 поени за Маверикс.

Вориорс ги предводеше Стеф Кари со 21 поен и 12 скока, по 19 поени постигнаа Џордан Пул и Ендрју Вигинс.

Вториот меч на програмата е во сабота во 3 часот по средно-европско време. Вориорс повторно ќе бидат домаќини.

Scroll to Top