Top Sport

ПСЖ се заинтересирани за Мане

ПСЖ ја најдоа замената за Килијан Мбапе, кој во преодниот рок, веројатно ќе се пресели во Реал Мадрид.

Според медиумите, Мбапе се договорил со Реал и ќе си замине од Париз како слободен играч, откако неговиот сегашен клуб минатото лето одби околу 200 милиони евра за трансферот.

Челниците на „светците“ не чекаа долго и веќе најдоа замена за младиот Французин, пишува новинарот на „Билд“ Кристијан Фалк.

Тоа е искусниот крилен напаѓач на Ливерпул, Садио Мане.

30-годишниот Мане има договор со „црвените“ до јуни 2023 година, но се верува дека би можел да ја напушти Англија една година пред истекот, бидејќи Ливерпул нема намера да ги исполни неговите финансиски барања.

Покрај ПСЖ, интерес за Мане покажува и Баерн Минхен.

Сенегалецот сезонава постигна 22 гола и имаше пет асистенции на 49 натпревари, а на 28.мај ќе се обиде да ја освои Лигата на шампионите на дуелот со Реал, во Париз.

Scroll to Top