Top Sport

„Студентите“ му врачија отказ на Џикиќ

Поранешниот селектор на Македонија, Александар Џикиќ, повече не е тренер на Естудијантес, објави клубот на социјалните мрежи. На местото на Џикиќ Естудијантес го назначија Хавиер Самора кој ќе дебитира в сабота против Уникаха.

Џикиќ на кормилото на Естудијантес застана во октомври минатата година кога доби отказ во Будуќност. Претходно бил тренер на Партизан, Крка, Ритас, Олимпија и репрезентацијата на Македонија.

„Студентите“ се последни во шпанската АЦБ лига, имаат само четири победи на 18 одиграни натпревари.

Scroll to Top