Top Sport

Фалкао и Санчез се најлошите засилувања на Јунајтед по ерата на Фергусон

Повлекувањето на Сер Алекс Фергусон од клупата на Манчестер Јунајтед значеше крај на една ера на клубот. До тогаш „ѓаволите“ беа најдоминантниот клуб во Англија, но потоа остана само сенка на славниот клуб.

Една од главните причини за падот на Јунајтед секако е изборот на засилувања. Манчестер потроши многу пари на доведување нови засилувања.

По заминувањето на Фергусон, 31 фудбалер бил доведен на „Олд Трафорд“.

Навивачите на „ѓаволите“ гласаат и рангираат кој е најголемото промашување.

Најмалку гласови од навивачите освои Радамел Фалкао. По него како топ-промашување следи Алексис Санчез, па на листата се најдоа Морган Шнајдерлин, Матео Дермијан и Анхел ди Марија.

Од друга страна, како добра инвестиција, навивачите ги оценуваат трансферите на Хуан Мата, Златан Ибрахимовиќ, Серхио Ромеро, Арон Ван-Бисака и Андер Херера.

Scroll to Top