Преговорите на ЛА Лејкерс и тренерот Тајрон Лу, инаку поранешен играч на овој тим, завршиле неуспешно. Лејкерс се во потрага по тренер кој ќе го врати во тимот во самиот врв на најсилната лига во светот.
Поранешниот тренер на Кливленд Кавалирс, не бил задоволен од она што финансиски му го понудиле ЛА Лејкерс, поради што ги прекинал преговорите.
ЛА Лејкерс на Лу му понудиле 18 милиони долари за три години. Оваа сума тој ја одбил со образложение дека „заслужува плата каква што треба да добие тренер со шампионската биографија“.
Лу барал петгодишен договор и многу поголема плата, поради што и биле прекинати преговорите.