Top Sport

Надал го прегази Карењо Буста, Тим избори дуел со Монфис

Рафаел Надал експресно преку сонародникот Пабло Карењо Буста го мина третото коло на Австралија опен. Третата рунда ја мина и Домик Тим кој ќе игра во осмина-финалето против Гаел Монфис.

Првиот носител во Мелбурн, Надал, за 98 минути го декласира Карењо Буста со 6/1, 6/2, 6/4. Шпанецот во наредното коло за противник ќе го има победникот од дуелот помеѓу Ник Кирјос и Карен Хачанов.

Гаел Монфис против Ернест Гулбис потсети на своите најдобри денови, победи во три сета за речиси два и пол часа игра (7/6, 6/2, 6/3).

Во наредната фаза Монфилс го чека петтиот носител Доминик Тим.

Австриецот во четири сета го победи Американецот Тејлор Фриц со 6/2, 6/4, 6/7, 6/4 за два часа и 50 минути.

Третото коло го мина и 16 носител Андреј Рублов. Рускиот тенисер беше подобар од Белгиецот Давид Гофан со 2/6, 7/6, 6/4, 7/6.

Scroll to Top