Кошаркарот на Реал Мадрид, Валтер Таварес е избран за најдобар дефанзивец на Евролигата за сезоната 2022/23.
Таварес го доби ова признание по трет пат во кариерата, бидејќи беше најдобар дефанзивец во елитното натпреварување во 2019 и во 2021 година.
Таварес успеа да се пласира на завршниот турнир со Реал Мадрид, по пресвртот во серијата против белградски Партизан.
Центарот на „кралскиот клуб“, сезонава во Евролигата имаше просек од 10,9 поени, 6,6 скока, 1,5 асистенции и 2,2 блокади.
Центарот од Зеленорстските острови е третиот играч кој трипати е избран за најдобар дефанзивец во Евролигата, по Димитрис Дијамантидис и Кајл Хајнс.
Дијамантидис шест пати ја освои оваа награда во Панатинаикос (2005, 2006, 2007, 2008, 2009 и 2011 година), а Хајнс три, два пати со ЦСКА Москва во 2015 и 2018 година и едаш со Олимпија Милано минатата сезона.
Претходно, Евролигата ја додели наградата за најдобар стрелец, која ја доби Саша Везенков од Олимпијакос, додека „Ѕвезда во подем“ е кошаркарот на Партизан Јам Мадар.