Top Sport

Таварез ја растури Барса – Реал ја освои АЦБ лигата

Кошаркарите на Реал Мадрид ја освоија титулата во домашното првенство. Реал финалната серија против Барселона ја доби со 3:1. Во четвртиот натпревар на домашен терен Реал славеше со 81:74. Ова е прва титула за Реал во првенството на Шпанја по пауза од три години.

Фантастичниот Еди Таварес го предводеше Реал со 25 поени (9-11 од игра, 7-7 пенали) и 13 скока, додека Фабиен Козер имаше 17 поени (6-14 од игра, 3 скока).

Кај Барса најефикасен беше Никола Миротиќ со 14 поени (3-8 од игра, 6-6 пенали, 3 скока), Данте Ексум имаше 13 поени (4-7 од игра, 5 скока), а Ник Калатес. мечот го заврши со 12 поени (5 -11 од игра), со 9 скока и 2 асистенции.

Реал губеше од Барселона во поголемиот дел од сезоната, го загуби и финалето на Купот, но ги доби најважните натпревари – на фајналфорот во Евролигата и сега во финалето на плеј-офот во Шпанија.

Реал сега има 36 шампионски титули додека Барселона останува 19 трофеи.

 

Scroll to Top