Top Sport

Скандал во тенисот – Тенисерите знаеле кога ќе бидат тестирани

Според британски Дејли Мејл, Меѓународната тениска федерација (ИТФ) им дозволила на тенисерите сами да си закажат допинг тестови.

Според извештајот, играчите биле поканети да закажат датуми за тестови за допинг на крвта пред овогодинешниот Мастерс во Мајами – метод за кој антидопинг експертите велат дека драстично ги зголемува шансите оние кои се допингувани да останат неказнети.

Исто така, на играчите им беше најавено дека ќе се земе примерок од крв пред Ролан Гарос во 2019 година и пред Ју-ес опен минатата сезона. Поранешниот претседател на Светската антидопинг агенција го спореди тој пристап со најпознатиот случај на допинг во велосипедизмот кој остана незабележан, допингот на Ленс Армстронг.
„Мејл он сандеј“, викенд-изданието на „Дејли мејл“, исто така дознава дека ИТФ го зголемила бројот на допинг тестови што наводно ги направила, погрешно прикажувајќи ги податоците.

„Мислам дека ИТФ не треба да им соопштува на спортистите кога ќе ги тестира. Слично нешто се случуваше во минатото во велосипедизмот, кога на сите им беше кажано дека ќе бидат тестирани пред Тур де Франс. Тоа не е добро“, изјави Луис Орта, поранешен шеф на португалската антидопинг агенција.

Како што понатаму се наведува, играчите добиле четири дена пред тестот пред мастерсот во Мајами. Според прописите на ВАДА, спортистите не треба да бидат известени за допинг тестовите.

Од јануари оваа година, ИТФ анти-допинг програмата ја води независно тело наречено Меѓународна агенција за интегритет во тенисот (ITIA). ITIA соопшти дека најавуваат тестови за играчите пред некои натпревари бидејќи тоа им овозможува да вршат повеќе тестови.

Сепак, експертите велат дека за т.н. „Крвниот допинг“ три-четири дена прави голема разлика.

Анти-допинг програмата на ИТФ често беше предмет на критики во минатото – во 2016 година, Роџер Федерер рече дека бил тестиран само еднаш во последните десет години помеѓу две сезони, а ИТФ во 2021 година рече дека само девет отсто од сите тестовите беа помеѓу две сезони.

Scroll to Top