Натпреварот помеѓу Минесота Тимбервулвс и Бруклин Нетс мина во знакот на тешката повреда, со која во финишот на првото полувреме се здоби Крис Леверт. Играчот на Бруклин со помош на лекарска екипа беше изнесен од арената.
Леверт ја повреди десната нога, во обид да блокира еден шут на противникот. Тој на носилки ја напушти арената, а извесно е дека го очекува долга пауза.
Натпреварот заврши со победа на Минесота 120:113.
Доколку сте чувствителни во препорачуваме да не го гледате видеото, на кој е забележан моментот кога се повредил Леверт.