Top Sport

Телетовиќ: Уживав во Евролигата, НБА е здодевна

Поранешниот репрезентативец на БиХ, Мирза Телетовиќ, рекол дека во текот на кариерата повеќе уживал во мечевите од шпанското првенство и Евролигата, отколку во оние што ги играл во НБА.

Телетовиќ во НБА играл за Бруклин, Финикс и Милвоки во периодот од 2012 до 2018 година кога се пензионирал.

„Ми беше многу здодевно, бидејќи ако не играше за Голден стејт или Кливленд немаше смисла само да играш/ Да во прашање е најсилната лига, играш против најдобрите играчи и тоа е сјајно искуство, но повеќе возбуда имаше во Евролигата“, рекол Течетовиќ за радио Виторија.

Крилниот играч во Европа со многу успех играше за Басконија. Со овој тим два пати го освоил шпанското првенство.

„Се боревме за Купто на Кралот, за Фајнал Фоур во Евролигата, домашното првенство, а во НБА за што се бориш? Повторувам мене ми беше многу поубаво во Европа и Шпанија него таму“.

Телетовиќ во НБА одиграл 343 натпревари.

Scroll to Top