Кошаркарите на Тенерифе го освоија Интерконтинеталниот куп на ФИБА. Во финалниот натпревар Тенерифе славева против Виртус Болоња со 80:72 (16:11, 21:26, 22:25, 18:13).
Виртус подобро влегоа во мечот, водеа 7:0 на стартот. Предноста ја имаа се до финишот на првиот период кога шпанскиот тим ја презеде предноста која потоа не ја испушти. Во најголемиот дел од натпреварот тие имаа двоцифрена предност.
Бразилскиот ветеран Марселињо Уертас со 23 поени и Грузиецот Георги Шермандини со 19 поени беа најефикасни кај победниците. Во редовите на Виртус се истакнаа Милош Теодосиќ со 15 и Стефан Марковиќ со 11 поени.