Виртус Болоња стигна до 80:67 (25:12, 16:19, 21:22, 18:14) победа над турскиот Бурсаспор за титула од Еврокупот и билет за враќање во Евролигата следната сезона.
Херој на италијанскиот тим беше српскиот ветеран Милош Теодисиќ, кој заврши со 21 поени и 3 асистенции, Жаите додаде 13 поени и 10 скока, а Кајл Вимс имаше 13 поени. Кај Бурса, Дудзински со 14 поени беше најдобриот поединец на теренот.
Бурса, кои во плејофот ги исфрли Партизан, Цедевита Олимпија и Андора, немаше сили за уште една сензација.