Top Sport

ТФТ го „суреди“ Работнички за дуел со МЗТ Скопје

Актуелниот шампион од Купот на Македонија, ТФТ Скопје, со 78:73 го победи Работнички во последното четврт-финале, за да дојде на два чекори од одбраната на титулата. Прва следна пречка им се МЗТ Скопје Аеродром, клубот кој лани го совладаа за својот прв трофеј во историјата. Во второто полуфинале ќе се судрат Пелистер и Феникс 2010.

Во меч со повеќе промени на водството, клубот од Тафталиџе беше посигурен во последната четвртина во СРЦ „Кале“ за нова голема победа. ТФТ имаше и двоцифрена предност во првата четвртина, но Работнички успеа да се врати во второто и да поведе со 29:20. Израмнето беше и во третата четвртина, пред ТФТ да отвори предност од пет поени (63:58) на почетокот на четвртината, предност која потоа ја заддржаа до крајот.

Фото: КФМ

Scroll to Top