Top Sport

Ти-Џеј Шортс прави трансфер во Басконија и ќе биде „недостапен“ за Македонија

Кошаркарска репрезентација на Македонија најверојатно нема да може веќе да ги користи на најновиот натурализиран кошаркар, Ти-Џеј Шортс. Тој одигра два натпревари за националниот тим, а игра одлично во дресот на Телеком Бон, па се наоѓа пред трансфер во редовите на Басконија.

dobivaj vesti na viber

Доколку потпише за шпанскиот клуб кој настапува во Евролигата, тогаш Ти-Џеј Шортс нема да добие дозвола за настап во репрезентацијата.

Познато е дека евролигашките клубови не ги пуштаат своите кошаркари да настапуваат за репрезентациите во прозорците со термини на ФИБА.

Scroll to Top