Top Sport

Бејл ќе започне нова кариера

Само неколку дена откако го објави крајот на блескавата фудбалска кариера, Герет Бејл најави нов спортски предизвик.

Велшанецот на Инстаграм потврди дека ќе учествува на претстојниот професионален голф турнир.

Во натпреварувањето чиј награден фонд е седум милиони евра, поранешната ѕвезда на Тотенхем и Реал Мадрид ќе им се придружи на познати личности кои ќе ги одмерат силите против најдобрите светски професионалци.

Пред неколку години, Предраг Мијатовиќ, поранешен напаѓач и спортски директор на Реал Мадрид, истакна дека за Бејл, Велс е прв на листата на приоритети, втор е голфот, а клубот каде што зема плата е на третото место.

Неговата изјава толку многу ги воодушеви велшките навивачи што во 2019 година ветија дека ќе го стават на знамето кое ќе се вее од трибините за време на натпреварот против Унгарија.

Тој натпревар беше клучен за двете репрезентации во ловот на ЕП, а по неа Бејл се фотографираше со тоа знаме во преден план.

Сега кога ја заврши фудбалската кариера, голфот го зазеде првото место во неговиот живот.

Зад Велшанецот е импресивна кариера во која освои пет трофеи во Лигата на шампионите и три шампионски титули на Шпанија.

Се прослави играјќи за Тотенхем, од кој во 2013 година се пресели во Реал Мадрид за тогаш рекордни 100 милиони евра.

За Реал Мадрид настапи на 258 натпревари и постигна 106 голови. Тој ги постигна двата најважни гола за клубот во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година против Ливерпул.

Тој во игра како резерва влезе во 62. минута при 1:1, за две минути подоцна да ја затресе мрежата на „црвените“.

Во првите сезони во Реал беше одличен, но подоцна стана голем финансиски товар за клубот кој го испрати на позајмица во Тотенхем, а по истекот на договорот замина во Америка.

Во последните години тој стана омразен во Реал бидејќи изјави дека „може да игра голф додека не му истече договорот“.

Scroll to Top