Џеф Тиг имаше 25 поени и 8 асистенции, а Џими Батлер додаде 18 поени по враќањето од повредата за Минесота тимбервулвс да стигнат до клучна 113:96 победа на гости кај Лос Анџелес лејкерс.
Батлер пропушти 17 натпревари со повредата на коленото, но се врати 23 минути на теренот со 7-од-10 од поле, за да помогне Минесота (45-35) да се искачат на осмото место на Западот, последно кое носи во плеј-офот со половина меч предност пред Денвер. Лејкерс, кои загубија по четврти пат во последните пет меча, беа предводени од Џош Харт (20 поени и 11 скока) и Џулуис Рендл (20 поени и 10 скока).
Леброн Џејмс го имаше 18-тиот трипл-дабл оваа сезона и постигна 44 поени, но неговите Кливленд кавс загубија на гости кај Филаделфија со 132:130, откако Бен Симонс имаше 27 поени, 15 скока и 13 асистенции.
Џеј Џеј Редик постигна 28 поени, Марко Белинели имаше 23, а Ерсан Иљасова 17 за Сиксерси (49-30), за кои ова е 13-та победа во низа со која ги поминаа Кавс на третото место на Источната конференција со еден натпревар помалку.
Серж Ибака имаше 25 поени за Торонто да ја освојат првата носителска позиција на Истокот со 92:73 победа над Индијана. Демар Дерозан додаде 12 поени за Репторси, кои поставија клупски рекорд со својата 57. победа оваа сезона.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Л.А. Лејкерс – Минесота 96:113
Филаделфија – Кливленд 132:130
Бостон – Чикаго 111:104
Торонто – Индијана 92:73
Атланта – Вашингтон 103:97
Мемфис – Сакраменто 93:94
Феникс – Њу Орлеанс 103:122
Њујорк – Мајами 122:98
Детроит – Далас 113:106 ОТ
Орландо – Шарлот 100:137