Александар Тодоров официјално ја преседе кошаркарската репрезентација на Макеоднија. Од осамостојувањето Тодоров е 14 селектор на националниот тим. Новиот селектор ќе го предводи националниот тим до завршувањето на кавлификациите за пласман на ЕП во 2021 година, доколку избори пласман договорот ќе му биде продолжен до 2025 година, односно на два нови квалификациски циклуси за СП во 2023 и ЕП во 2025 година.
Какви се шансите на Македонија во квалификацискиот циклус за ЕП?
„Естонија е противник кој веќе го имамве како противник во минатиот квалификациски циклус, кој некаде како сила е на некое наше ниво. Проблемот со Естонија е што и тие имаат нов селектор. Јука Ториала, кој Финец, кој две години по ред беше тренер во романската Стеауа. И тие говорат за некое подмладување на екипата, и тие сеуште го немаат официјалниот список. Па така на тој натпревар во Скопје, ниту тие ќе знаат нешто повеќе за нас, ниту пак ние за нив. Како анализа и скаутинг, сем вообичаените за одредени индивидуални карактеристики на играчи. Мора да имаме во предвид дека селекцијата на Италија како еден од домаќините на наредниот Евробаскет, е директно квалификуван, и е непознато дали ќе настапуваат со најсилниот состав ил ипак не. Секогаш постои тој ризик една од силните селекции да загуби против условно кажано послаб противник. Оттука отпаѓа и она дека мора по секоја цена да се бара победа изразена со што поголема разлика во дуелите со Естонците“.
Кога станува збор за најавеното подмладување Тодоров даде конкретни имиња.
„Еве да одговорам и на тоа прашање, и нормално дека има прашања на таа тема. Досега јас и спортскиот директор Гечевски раговараме со голем број од играчите. Списокот од 24 имиња кои влегуваат во конкуренција, би требало да го имаме и дадеме на почетокот на новата година. И веднаш ќе биде достапен за сите. Меѓутоа оние играчи со кои досега разговараме се: Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Кристијан Николов, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски, Марко Миловановиќ, Андреј Маслинко, Шејн Витингтон. Говорено е и со Предраг Самарџиски, но со него немаме позитивен одговор да се врати и да настапува во овие квалификации. Ќе се најдат уште некои играчи кои успешно настапуваа во оние У 16 и У 18 години. Играчи како Лука Савичевиќ и Виктор Исајловски. Секако и како доста помладите играчи, оние од У 16 селекцијата, со сигурност Теодор Симиќ и Андреј Митревски, кои ќе бидат наградени за сето она што го презентираа во изминатиот период. Тоа е тоа што во овој момент го имам како перцепција. Тоа се 15-16 имиња, и сигурно е дека нема да ви бидат потребни дополнителни моменти на имагинација за да го надполните до крајната граница“- издиктира Тодоров.
Во врска со настапот на странските играчи Тодоров ги тргна сите дилеми, барем за февруарскиот прозорец на ФИБА.
„Согласно со пропозициите на ФИБА, во овој момент единствено може да се користат странци кои досега настапувале за македонската репрзентација, бидејќи ФИБА предвидува еден период од три месеци од моментот на издавање на пасош до првиот официјален натпревар. Период, оној временски кој ние го немаме. Така да во февруарскиот циклус ќе располагање со Шејн Витингтон како прва опција, а со кого веќе претседателот на федерацијата и спортскиот директор разговара, и очекуваме на 12 февруари да пристигне во Скопје“- објаси Тодоров со забелешка од директорот Гечевски дека во тие разговори Витингтон израл посебна подготвеност да се појави на собирот во Скопје најрано што може, со дозвола на клубот. Да го даде својот максимум, да и помогне на оваа екипа за да ја постигне својата цел.
Тодоров соопшти дека еден од неговите помошници ќе биде тренерот на МЗТ Ѓорѓи Кочов, а наредните денви ќе ги соопшти и имињата на останатите тројца. Кондиционен тренер ќе биде Ерен Ханѓун со кого Тодоров соработувал во Анкара, за психолошки дел од подготовките ќе биде задолжена професорката, Др Ленче Алексовска-Величковска, а за видео координатор Никола Велев од МЗТ.
Дебито како селектор Тодоров ќе го има на 20 февруари против Естонија.
извор/mkf.mk