Александар Тодоров, тренерот на МЗТ Скопје Аеродорм, рекол дека е засрамен од настапот против Црвена звезда во шестото коло во АБА лигата. Црвена звезда на домашен терен го декласира МЗт со 112:73.
„Знаевме дека Звезда е добра екипа и не гледам друг тим кој може тука да ја победи, дури ниту оние екипи кои се многу посилни од нас. Намерно го избравме овој момент за да направиме промени во ростерот, но не очекував дека против екипата која игра во Евролигата ќе играме толку малодушно, декаа ова е биде таков резил и за нас самите и за клубот“, рекол Тодоров.
Тој дополнил дека МЗТ не можел да му се спротвстави ниту на резервниот тим на Црвена звезда.
„Ниту во најлошито сон не можевме да замислиме дека ќе загубиме со 39 поени разлика, особено бидејќи тие второто полувреме го одиграа со резервниот тим. Се срамам од ова издание“, дополнил Тодоров.
МЗТ во наредното коло на 5 ноември ќе го пречека тимот на Мега Бемакс.