Top Sport

Тони Кукоч објави фотографија од болница

Легендата на југословенската и хрватската кошарка Тони Кукоч објави фотографија на која лежи во болнички кревет.

Кукоч помина два дена во болницата Раш и им се заблагодари на лекарите за врвниот медицински третман. На фотографијата тој е насмеан со кренат палец. Кукоч на Инстаграм напиша.

„Голема благодарност до лекарите Колман и Мајерс и остатокот од болничкиот персонал кои одлично се грижеа за мене. Исто така, благодарност до мојот пријател доктор Меденица, кој е секогаш тука кога ми треба. Се радувам на брзо закрепнување, “ напиша Кукоч без да наведе зошто завршил во болница.

Пред две недели тој го прослави својот 55. роденден и беше во Сплит на премиерата на биографскиот филм „Магична недела“, во режија на Сабахудин Топалбеќиревиќ.

Кукоч важи за најуспешен хрватски кошаркар, со Чикаго Булс освои три титули во НБА.

Со Југопластика има три европски шампионски титули, а меѓу многуте медали има два европски златни медали со репрезентацијата на Југославија, едно светско првенство со Југославија и по едно олимписко сребро со Хрватска и Југославија.

Scroll to Top