Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Лу Вилијамс, раскажал интересна анегдота од периодот кога ја делел соблекувалната со Коби Брајант во Лос Анџелес Лејкерс.
Вилијамс играл за Лејкерс во периодот од 2015 до 2017 година кога Коби бил во залезот на својата импресивна кариера.
Коби Брајант во светот на кошарката е познат како голем егоцентрик. Вилијамс раскажува колку легендарниот играч бил лут по еден пораз со голема разлика од Портланд Трејлблејзерс.
„Коби ќе ми биде лут поради ова, но…кога играв за Лос Анџелес Лејкерс, во еден меч Портланд не растурија, а кога Коби влезе во соблекувалната беше многу лут и рече: ‘ Отсега секогаш на теренот топката е моја. Сите ќе научите како е да се игра со е…..т Коби Брајант“, раскажал Вилијамс и дополнил.
„Портланд не растурија, тоа воопшто не му се допадна на Коби“.
Вилијамс ова го раскажал во подкастот што го водат поранешните НБА играчи Мет Барнс и Стивен Џексон.
Lou Williams tells an epic story about how Kobe chewed the #Lakers out after a blowout loss:
"He came in the locker room, and he was like 'from now on out, every time down the court, I touch the ball. Y'all gonna learn what it's like to play with Kobe Bean Fucking Bryant." pic.twitter.com/bdbJ02Ajs1
— Farbod Esnaashari (@Farbod_E) November 22, 2019