Кошаркарите на Милвоки Бакс водат со 1-0 во финалната серија, во Источната конференција во НБА лигата. Тие пред своите навивачи ги победија Торонто Репторс 108:100.
Торонто Репторс направија од готово вересија во Милвоки. Играчите на Торонто имаа предност во најголемиот дел од натпреварот, водеа со 12 поени во еден момент, но нивната игра се распадна во финишот.
На три и пол минути до крајот Репторс имаа предност 98:100, но до последниот звук на сирената не постигнаа ниту еден кош, а примија десет.
Центарот на Бакс Брук Лопез го одигра најдобриот меч во кариерата, во плеј-офот и со 30 поени го предводеше својот тим до победата. Јанис Адетокумбо забележа 24 поени, 14 скока, 6 асистенции и 3 блокади, а Малком Бронгдон уфрли 15 поени.
Најефикасен кај Торонто беше Каваи Ленард со 31 поен, но немаше никаков учинок во последната четвртина. Во второто полувреме Кајл Лаури играше речиси сам, на крајот имаше 30 поени.
Наредниот меч од серијата се игра в сабота од 2:30 часот.