Top Sport

Тре Јанг ја реши „драмата“ во корист на Атланта, убедлив триумф на Милвоки

Кошаркарите на Атланта намалија на 2:1 во победи во четвртфиналната серија од плеј-офот на Источната конференција на НБА лигата против тимот на Мајами. Хокс славеа триумф од 111:110 на домашен паркет во трилер-завршница, која ја реши Треј Јанг со кош на четири секунди до крајот.

Тој беше и најефикасен кај Атланта со 24 поени и осум скока. Одлична поддршка имаше и од српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ кој за 32 минути постигна 18 поени, а имаше и осум скока и шест асистенции.

Кај Мајами Тајлер Хиро постигна 24 поени, а четири помалку Џими Батлер.

Феникс Санс оствари втор триумф против Њу Орлеанс Пеликанс и поведе со 2:1 во серијата откако славеше на гости со 111:114 во „Смути“ центарот. Деандре Ајтон со 28 поени и 17 скока беше прва фигура во тимот на Феникс. Кај домаќинот, Брендон Инграм беше стрелец на 34 поени, а Си-Џеј Мекколум уфрли 30 кошеви.

Милвоки Бакс исто така води со 2:1 во серијата откако го декласира Чикаго Булс на гости со 81:111. Грејсон Ален со 22 поени и Јанис Антетокумпо со 18 поени, седум скока и девет асистенции беа носители на играта на гостинскиот состав.

Scroll to Top