Top Sport

И Мастерсот во Рим ќе ги „забрани“ руските и белоруските тенисери

Бројни реакции предизвика неодамнешната одлука на организаторите на Вимблдон да се забрани учеството на руските и на белоруските тенисери на претстојниот турнир поради руската инвазија на Украина која трае речиси два месеци.

Неколку тенисери како Новак Ѓоковиќ, Андреј Рубљев и Александар Зверев упатија критики за одлуката на Вимблдон, но се чини дека Италијанците ќе го следат примерот на Англичаните.

Тенисерите од Русија и од Белорусија најверојатно ќе добијат забрана за настап и на турнирот во Рим. Овој турнир од Мастерс серијата ќе се одржи од 8. до 15. мај, а на спроведувањето на оваа идеја инсистира премиерот на Италија, Марио Драги.

Од друга страна, со тоа не се согласува претседателот на Италијанската тениска асоцијација, Анџело Бинаги, па во следните денови треба да биде дефинитивно познато каква ќе биде одлуката на организаторите на Мастерсот во Рим.

Scroll to Top