Top Sport

Тре Јанг се повреди од ногата на судијата – „јастребите“ во проблеми пред четвртиот меч

Плејмејкерот на Атланта Хоукс, Тре Јанг се повреди во третата четвртина од третиот меч на финалето во Источната конференција во НБА лигата. Атланта загуби од Милвоки Бакс, а Јанг заврши на паркетот откако згазна на ногата на еден од судиите и заработи повреда на скочниот зглоб.

„Моментно ме боли. Ме фрустрира фактот дека сам ја повредив ногата. Добивам лекарска помош поради оваа повреда. Во моментов мора да ги пуштам докторите да си ја работат својата работа“ изјави 22-годишниот кошаркар кој на мечот имаше 35 поени и 4 асистенции.

„Повредата влијаеше на мојата стартна брзина. Кога се обидувате да поминете покрај некого од лева страна, мора да го користите десното стапало. Имавме предност пред мојата повреда и добро играв. Чудна незгода, тоа е тоа. Од сега ќе морам да имам очи и на грбот“ рече младиот плејмејкер на тимот од Џорџија.

Атланта веќе има проблеми и со повредата на српскиот ас, Богдан Богдановиќ. Следниот меч меѓу Хоукс и Бакс е на програмата ноќта меѓу вторник и среда во Атланта.

Scroll to Top