Кошаркарите на ЦСКА Москва во дербито на ВТБ лигата го победија Уникс Казан со 102-86 и тоа практично без помошта на еден од најдобрите сезонава – Мајк Џејмс кој по само неколку минути отиде во соблекувалната и повеќе не се врати на теренот.
Американецот на еден од тајм-аутите размени неколку реченици со тренерот Димитрис Итудис, по што веќе не се појави на паркетот.
„Овде работам веќе 7 години и совршено знам што значи да се претставува ЦСКА, ја знам историјата на клубот. Ја почитувам играта. Пред натпреварот одбрав шестмина странци за овој меч. Што се случи потоа? Мислам дека не вреди да се влегува во детали, барем засега, се уште не е време. Вие ги знаете моите принципи, мојот став кон работата, ме познавате многу добро“ рече стратегот по завршувањето на мечот.
Прес-службата на „армејците“ во текот на средбата соопшти дека американскиот кошаркар имал „проблеми со желудникот и грозница“.
За потсетување – Џејмс сезонава имаше неколку испади, но се уште е во дресот на московскиот клуб.
Itoudis vs Mike James: pic.twitter.com/OP9rzprJB1
— Matthias Schmidt (@Dantinho31) March 27, 2021
Dimitris Itoudis on the Mike James situation and why he didn’t play in the VTB League game vs. UNICS:
“You know who I am. You know what I represent. What are my principles, my ethics, my work attitude.” pic.twitter.com/o1Hd31n48e
— Dionysis Aravantinos (@AravantinosDA) March 27, 2021