Top Sport

Трето влетување на терен во Минеаполис, овојпат обезбедувањето интервенираше супер-брзо

Во првите минути од третата четвртина од мечот од НБА плејофот помеѓу Мемфис гризлис и Минесота тимбервулфс, една жена влета на теренот во „Таргет центарот“, пред да биде отстранета супер-брзо од обезбедувањето, во трет ваков инцидент последните денови.

Еден човек од обезбедувањето, очигледно свесен за намерата на жената, седеше до неа покрај теренот и веднаш скокна и ја сопре кога таа пристигна на паркетот. Таа наводно била „преправена“ во НБА судија, со официјална униформа под црвената блуза.

Во првиот меч од оваа серија, друга жена мораше да биде отстранета од арента, откако се заврза на кошот, наводно во протест кон газдата на Тимбервулфс, Глен Тејлор и неговата фарма каде што имало епиденија на птичји грип. Првиот инцидент во плејофот се случи кога во плеј-ин натпреварот против Лос Анџелес клиперс, една жена се обиде да се „залепи“ на паркетот.

Жена се залепи за паркетот во Минеаполис

Scroll to Top