Top Sport

Трилер во Атланта, четири продолженија и победа на Чикаго (Видео)

Атланта и Чикаго, изминатата ноќ, го одиграа најефикасниот натпревар во 21 век. Натпреварот во кој се играа четири продолженија им припадна на Булс 168:161. Инаку, ова е четвртиот најефикасен натпревар во историјата на НАБ лигата.

Драмата ја најави Ото Портер, кој на 0,4 секунди до крајот, избори три слободни фрлања, ги погоди сите и израмни на 124:124.

По првото продолжение резултатот беше 140:140, откако дебитантот во редовите на Атланта Трае Јанг израмни на секунда до крајот.

Во второто продолжение тимовите постигнаа само по седум поени (147:147), а третото му припадна на Зек Лавин, кој ги постигна последните шест поени во за 155:155. Во последната четвртина Булс успеаја да се „одлепат“ и да го добијат мечот.

Најефикасниот меч во 21 век е четвртиот најефикасен меч во НБА историјата. Пред Атланта и Чикаго се само дуелите: Детроит-Денвер(186:184 во 1983 година, Сан Диего-Њујорк 176:166 во 1975 година и Сан Антонио-Милвоки 171:166 во 1982 година.

Во овој неверојатен меч кај Чикаго се истакнаа Зек лавин со 47, односно Лаури Марканен и Ото Портер со по 31 кош. Кај Атланат најдобар беше дебитантот Трае Јанг со 49 поени, 8 скока и 16 асистенции.

Резултати:

Атланта Хокс-Чикаго Булс 161:168
Бруклин Нетс-Шарлот Хорнетс 112:123
Бостон Селтикс-Вашингтон Визардс 107:96
Торонто Репторс-Портланд Трејлблејзерс 119:117
Финикс Санс-Њу Орлеанс Пеликанс 116:130
Сакраменто Кингс-ЛА Клиперс 109:116
ЛА Лејкерс-Милвоки Бакс 120:131.

Scroll to Top